Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте не е оптимист дека неговито тим можа да избори учество во ЛИгата на шампионите.
Тотенхем вчера на домашен терен загуби од Астон вила со 2:0.
Според Конте, на тимот на Тотенхем му недостасува длабочина и моќ поради што му е тешко да се натпреварува со екипите од врвот на Премие рл лигата.
– Можеби зачувувањето на петтото место е најдоброто нешто. Околу оваа позиција, е максимумот на овој тим. Така е во моментов. Не значи дека се откажуваме од место кое носи пласман во Лигата на шампионите, но тоа ќе биде исклучително тешко за остварување, истакна Конте.
Тотенхем моментално е на петтото место во Премиер лигата со 30 бодови од 17 натпревари.