Коосновачот на компанијата Бионтекс, Угур Сахин , за чија експериментална вакцина соопштија дека има ефикасност од над 90 проценти, во интервју за „Би-Би-Си“ вели дека очекува светот да се врати во нормала следната зима.

-Целта ни е да доставиме повеќе од 300 милиони вакцини до април наредната година. Ова би можело да ни отвори можност да направиме притисок врз вирусот. Поголем удар би се задал во текот на летото, бидејќи во овој период преносот на инфекцијата е помал. Од огромна важност е да се постигне високо ниво на вакцинација на луѓето, пред есента или зимата наредната година. Ова значи дека имунизацијата мора да се спроведе до наредната есен. Самоуверен сум дека имаме можност да го оствариме ова, бидејќи голем број на фирми што произведуваат вакцини ни помагаат да ја зголемиме количината за да можеме да имаме нормална зима наредната година, вели Сахин во интервјуто за „Би-Би-Си.