Во данскиот главен град Копенхаген деновиве се одржува традиционалниот Конгрес на дедо-мразовци, на кој годинава присуствуваат 150 претставници од целиот свет.
Конгресот започна вчера и ќе трае четири дена. Првиот ваков собир се случи 1957 година и оттогаш секоја година се одржува во најстариот забавен парк во светот – „Бакен” во Копенхаген.
Настанот вклучува парада на дедо-мразовците по улиците на градот, нивно капење во морето и турнир во фудбал.