Kопривата е една од најлековитите билки на планетава и кога човекот би знаел колку е полезна, не би одгледувал ништо, освен коприва. Ова е само дел од книгата „Здравје од божјата аптека“ на Марија Требен, во која има описи на лековите билки, нивна примена и упатства за собирање, чување и подготовка. Оваа книга е на врвот на листата со најбарани книги во Европа, а е продадена во повеќе од 8 милиони примероци.
– За жал, ова го знаат само малку луѓе. Kопривата е лековита целосно, почнувајќи од коренот, стеблото, се до лисјата и цветот. Голем углед уживала дури и во старо време. Еднаш советував мајка на седум деца, која по последното породувањето, постојано страдаше од егзема. И реков да пие чај од коприва чај. Наскоро егземата исчезна, а престанаа и постојаните главоболки, вели Требен во книгата.
Според неа, копривата е најдобрата билка за прочистување на крвта од која истовремено се зголемува и бројот на црвените крвни зрнца. Бидејќи поволно влијае и на панкреасот, со чај од коприва се намалува и нивото на шеќерот во крвта.
Помага при стеснување на крвните садови
Kопривата помага и при стеснување на крвните садови кај т.н. пушачки нозе. Луѓе што страдаат од оваа болест би можеле да бидат поштедени од ампутација на нога кога навреме би почнале да применуваат бањи од корен од коприва.
– Секој грч во ногата, без оглед на причината, укажува на нарушување во циркулацијата на крвта. Во овие случаи се препорачува бањи со екстракт од коприва. Ова посебно се однесува стеснување на крвните садови. Треба само да се потпрете врз кадата и со малку екстракт од коприва да се протрие кожата над срцето, истовремено благо да се масира, објаснува Требен.
– Секој грч во ногата, без оглед на причината, укажува на нарушување во циркулацијата на крвта. Во овие случаи се препорачува бањи со екстракт од коприва. Ова посебно се однесува стеснување на крвните садови. Треба само да се потпрете врз кадата и со малку екстракт од коприва да се протрие кожата над срцето, истовремено благо да се масира, објаснува Требен.
Една 51-годишна жена од Баварија 28 години страдала од фистула и постојано имала големи тегоби бидејќи се наоѓала на лицето. Лекарите сметале дека е опасно хируршки да ја отстранат. Несреќната жена му се обратила на еден билкар, кој и помогнал, но не ја излекувал сосема. Таа решила да ги собира првите свежи коприви и секој ден да пие по три чаши чај.
– Точно по 14 дена, фистулата на мојот образ беше излекувана и веќе немав никакви болки. Така е до денес , напишала таа.
Пијте полека, голтка по голтка
Требен сфатила колку е полезна копривата, па почнала секоја пролет и секоја есен да прави третман со чај од коприва. Наутро го пиела на празен стомак, една чаша половина час пред појадок и од една до две чаши во текот на денот.
– Пијам полека, голтка по голтка. И наутро треба чајот да го пиете полека за неговото дејство да биде што поизразено. За да се зачуваат активните материи, никогаш немојте да ја варите копривата, туку само попарате ја. Превентивно чајот од коприва се пие само еднаш дневно, но во текот на цела една година. Една чаша чај на ден може да помогне, но ако станува збор за тешка болест, треба да пијат најмалку два литра чај на ден и тоа полека, голтка по голтка, вели Требен.
Таа смета дека вкусот на чај од коприва воопшто не е лош. Но, мора да се пие без шеќер. Оние што се поосетливи може да додадат камилица или нане. Во народната медицина чајот од коприва се препорачува против заболувања на црниот дроб, жолчката и слезината, дури и во случај на тумори на овие органи, потоа на желудникот, респираторни заболувања, грчеви во стомакот и чирови на дванаесетпрстното црево и кај белодробни заболувања.
Неколку начини да се искористи дејството на копривата
Чај:Една полна мала лажичка попарете ја со четврт литар врела вода и по 2-3 минути процедете ја.
Екстракт од коприви: Kорените што се вадат напролет и наесен измијте ги убаво со четка, ситно исчекајте ги и ставете ги во шише, речиси до врвот. Прелијте ги со ракија од жито со јачина од 38 до 40 степени. Шишето ставете го стои 14 дена на топло место.
Бања за нозе: Една полна дланка добро измиени корења и стебла од коприва со лисја од свежа коприва преку ноќ се држат во 5 литри ладна вода. Следниот ден истата вида се загрева до вриење. Во што потопла вода (на температура која можете да ја поднесете) потопете ги нозете 20 минути. За време на бањата копривата треба да остане во водата. Истата мешавина може да се користи уште два-три пати.
Миење на косата: Четири-пет полни дланки свежа или исушена коприва ставете во тенџере од 5 литри наполнето со ладна вода. Се загрева на тивок оган додека не проврие. Садот тргнете го од огнот и оставете го да стои 5 минути. Ако користите корен од коприва, една полна дланка се остава во текот на ноќта во ладна вода, а следниот ден водата се загрева до вриење. Потоа треба да стои уште 10 минути. Kосата мијте ја со квалитетен тоалетен шампон