Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин денеска изјави дека ќе го продолжи процесот за Брегзит и ќе бара повторно да се преговара за условите за излез од ЕУ, доколку победи на вонредните избори наредната година.
– Ќе мора да се вратите и преговарате и да видите каква би била агендата, рече 69-годишниот Корбин за „Гардијан“ на прашањето што би направил ако победи на предвремените парламентарни избори.
На прашањето каков став би зазеле лабуристите ако се одржи нов референдум, тој одговори дека партијата ќе одлучи каква ќе биде политиката, но во овој момент предложи да продолжи процесот за Брегзит и Британија да се обиде да издејствува царинска унија со ЕУ.