Јужнокорејската војска ја укина одредницата „непријателска“ кон Северна Кореја во својата последна воена бела книга.
– Одредницата за севернокорејската влада и војската како „непријателска“ е укината од воената бела книга за 2018 година, соопшти Министерството за одбрана во Сеул.
Белата книга, која се објавува на секои две години од 1967 година, наведува дека јужнокорејската војска, наместо Северна Кореја, смета дека силите кои се закануваат и го загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет се непријателски земји.
Во документот се истакнува дека двете Кореи, иако во минатото имаа чести конфронтации и помирувања, одржаа три самита во 2018 година.
Белата книга исто така наведува дека самитите создале ново безбедносно опкружување со цел денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и овозможување мир.