Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе се обиди во летниот преоден рок да го донесе во своите редови голгетерот на италијанскиот прволигаш Фиорентина, Душан Влаховиќ, објави денеска „Кориере дело Спорт“.
Според италијанскиот весник, менаџерот на Манчестер Јунјатед, Оле Гунар Солскјер, дал „зелено светло“ клупското раководство да започне преговори за евентуален трансфер на 21-годишниот српски репрезентативец.
Солскјер во моментов во нападот на располагање ги има Антони Марсијал и Едисон Кавани, но се поизвесно е дека Уругваецот ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната.
Можната замена за Кавани на „Олд Трафорд“ дојде во Фиорентина во 2018 година од Партизан, а за италијанскиот клуб Влаховиќ сезонава постигна 12 голови. Интерес за него во Премиер лигата покажува и Ливерпул.