Обвинителот Франческо Арнино го обвинува дека ги привлекол во тимот од третата лига Лука Помпилио и Антонио Бруно кои имале „премногу спорни квалитети на спортисти“ и им недостасувало „било каков спортски талент“.
Обвинителниот тврди дека наместо да се обрати кон властите, како што би требало да направи секоја жртва на изнуда, Де Зерби се согласил на условите на мафијата и извршил кривично дело. Покрај тоа, играчот Антонио Бруно е син на еден од поранешните шефови на организираниот криминал на Апенините, Родолфо Бруно.
Тренерот на Сасоло силно ги негира обвинувањата, тврдејќи дека го привлекол играчот по своја волја и никој не го притиснал да стори ништо.
– Никогаш не сум бил под притисок да правам нешто во клубовите, дури и од нивните раководители. Во Фоџа секој знае дека едноставно не може да ми влијаат на одлуките, а камоли некој да ме уценува. Сакам да се напомене дека наведените играчи никогаш не тренирале во првиот тим на Фоџа, туку биле во младинските формации. Кога дојде време да се одлучи дали тие имаат место во првиот тим, не влегоа во моите планови. Жалам што моето име е извалкано на ваков начин, пишува во соопштението на Де Зерби, цитирано од италијанските медиуми.