Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs.

Во тој интервал биле тестирани 7.437 лица, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија, пренесе Бета.

Во Србија е присутна новата варијанта на коронавирусот, соопштија властите на 6 септември, прецизирајќи дека е потврдено присуството на подваријантата омикрон ЕГ.5 наречена Ерис.  (МИА)