Со воведувањето ограничувања за движење и активности поради коронавирусот, загаденоста на воздухот е намалена во урбаните области низ цела Европа, покажуваат денеска најновите сателитски слики. Сателитските слики покажуваат намалување на просечното ниво на штетен азот диоксид во поголемите градови од 5 до 25 март.
Сателитските снимки од Сентинел-5 покажуваат намалување на просечното ниво на штетен азот диоксид во поголемите градови, вклучително во Брисел, Париз, Мадрид, Милано и Франкфурт, во периодот од 5 до 25 март. во однос на истиот период претходната година. Тоа се совпаѓа со воведувањето мерки за ограничување на патниот сообраќај, најголемиот извор на азот диоксид и намалување на производството во фабриките што испуштаат штетни гасови.
Новите снимки, објавена од Европската вселенска агенција (ЕСА) и анализирани од Европскиот сојуз за јавно здравје (ЕПХА), покажува намалена густина на гасот азот диоксид, кој може да предизвика респираторни проблеми и карцином.
Дневните временски услови можат да влијаат на нивото на загадување на атмосферата, така што сателитските слики земаат просек од 20 дена и ги игнорираат податоците земени за време на облачните денови.
Податоците од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) покажуваат сличен тренд за периодот помеѓу 16 и 22 март.
ЕПХА посочува дека луѓето кои живеат во загадени градови имаат поголем ризик да бидат заразени со Ковид-19, бидејќи продолжената изложеност на слаб квалитет на воздухот може да го ослабне имунолошкиот систем.
Во февруари, кога кинеската Влада воведе строги ограничувања на движење заради спречување на ширењето на коронавируспт, исто така, беше забележан пад на нивото на загадување во градовите.
Загадувањето на воздухот е причина за околу 400.000 предвремени смртни случаи секоја година во Европа, потенцира ЕЕА.