Над 300.000 луѓе починаа досега од Ковид-19, но и натаму нема лекови за кои е докажано дека им помагаат на лекарите да ја лекуваат оваа болест.

Па, колку сме далеку од оние лековите кои значат живот?

Што се прави за да се најде лек?

Се истражуваат околу 150 различни лекови низ целиот свет. Повеќето се лекови кои веќе ги има, и се тестираат против вирусот.
– Светската здравствена организација (СЗО) започна студија „Солидарност“ за да ги процени најперспективните методи на лекување

-Велика Британија тврди дека нејзиното истражување „Опоравување“ е најголемо во светот, при што учествуваат повеќе од 5.000 пациенти во него.
-Повеќе центри за истражување низ светот се обидуваат да ја користат крвта на излечен пациент како метод на лекување.

Кои видови лекови можат да работат?

Постојат три широки пристапи кои се истражуваат:

-Антивирусни лекови кои директно влијаат на способноста на коронавирусот да се развие во внатрешноста на телото
-Лекови кои можат да го смират имунолошкиот систем – пациентите се разболуваат сериозно кога нивниот имунолошки систем претерано реагира и почнува да прави колатерално оштетување на организмот
-Антителата, или од крв на излечени или направени во лабораторија, можат да го нападнат вирусот

Кој лек против коронавирусот најмногу ветува?

Д-р Брус Ајлард, од Светската здравствена организација, по посетата на Кина изјави дека ремедивир е единствениот лек кој покажал какви било знаци на ефикасност.

Овој антивирусен лек беше првично дизајниран за лекување на ебола, но други опции се покажаа како поефикасни.

Оттогаш, се покажа како ефикасен во лекување на други смртоносни коронавируси (Блиско источен респираторен синдром и тежок акутен респираторен синдром) во студиите за животни, што дава надеж дека ќе биде ефикасен и против коронавирусот.

Протечените резултати од студијата спроведена од Универзитетот во Чикаго, исто така, покажаа дека овој лек е ефикасен.

Тој е еден од четирите лекови во испитувањето „Солидарност“ на СЗО, а неговиот производител, Гилеад, исто така организира свои испитувања.

Можат ли лекови против ХИВ да го излечат коронавирусот?

Многу е зборуваше, но има многу малку докази, дека неколку лекови против ХИВ – лопинавир и ритонавир – би биле ефикасни во лекувањето на коронавирусот.

Постојат некои докази дека тие можат да функционираат во лабораторија, но студиите на луѓето биле разочарувачки.

Комбинацијата не го забрза закрепнувањето, ниту го намали бројот на смртни случаи или ја намали стапката на вирусот кај пациенти со сериозни симптоми на Ковид-19.

Меѓутоа, бидејќи студијата се спроведуваше на екстремно болни пациенти (скоро една четвртина од нив починаа), можеби било предоцна во фазата на инфекција за овие лекови да делуваат.

Дали анти-маларијалните лекови можат да го запрат вирусот на корона?

Лековите против маларија се составен дел на испитувањата на „Солидарност“ и „Опоравување“.

Хлорокин и сродниот дериват, хидроксихлорокин, може да имаат антивирусни и својство на смирување на имунитетот.

Овие лекови се појавија во центарот на вниманието како потенцијални терапии за вирусот корона, главно благодарение на тврдењата на претседателот Трамп, но доказите за нивната ефикасност се уште се многу оскудни.

Хидроксихлорокин исто така се користи за лекување на ревматоиден артритис, бидејќи може да помогне во регулирање на имунолошкиот систем.

Лабораториските тестови покажаа дека може да го инхибира вирусот корона, а има и некои докази од искуството на теренските лекари кои тврдат дека им помага на пациентите.

Сепак, СЗО вели дека нема дефинитивен доказ за нивната ефикасност.

Што е со лековите за имунитет?

Ако имунолошкиот систем претера со реакции на вирусот, може да предизвика воспаление на целото тело. Помага при вклучувањето на имунолошкиот систем за борба против инфекцијата, но прекумерната реакција може да предизвика колатерално оштетување низ целото тело и да се покаже како фатална.

Студијата „Солидарност“ го истражува интерферонот бета, која треба да лекува мултиплекс склероза и да го намали воспалението.

Британската студија „Опоравување“ го истражува дексаметазонот – еден вид стероид што се користи за намалување на воспалението.

Може ли вирусот корона да се третира со крвта на излечен?

Луѓето кои ја преживуваат инфекцијата треба да имаат антитела во крвта кои можат да го нападнат вирусот.

Идејата е да се земе крвна плазма (делот што содржи антитела) и да се даде на болни пациенти како терапија.

Соединетите држави веќе излечиле 500 пациенти со, како што се нарекува „рековалесценска плазма“, додека други земји почнале да им се придружуваат.

Уште колку додека не се најде лек?

Премногу е рано да се знае кога ќе имаме лек кој ќе може да го излечи вирусот корона.

Сепак, треба да започнеме со добивање на резултати од тестот во следните неколку месеци. Тоа е многу порано отколку што ќе знаеме дали вакцината (која штити од инфекција наместо да ја лекува) е ефикасна.

Ова е затоа што лекарите тестираат лекови кои се веќе развиени и се знае дека се доволно безбедни за употреба, додека истражувањето за вакцините започнува од нула.

Некои нови, експериментални лекови за вирусот корона исто така се тестираат во лаборатории, но сè уште не се подготвени за тестирање кај луѓето.

Зошто ни треба третман?

Најочигледната причина да се побара третман е затоа што ќе спаси животи, но може да овозможи и укинување на некои мерки за изолација.

Да се ​​има ефикасен метод на лекување, во суштина, ќе го направи вирусот корона поблага болест.

Ако се спречи луѓето да бидат примени во болница да имаат потреба од респиратор, тогаш ќе има помала опасност од преоптоварување на единиците за интензивна нега, така што контролата врз животот на луѓето не треба да биде толку ригорозна.


Како тогаш лекарите сега ги третираат пациентите?
Ако се заразите со вирусот на корона, симптомите ќе бидат лесни за повеќето луѓе и може да се лекуваат дома со лежење во кревет, парацетамол и многу течности.

Но, некои луѓе имаат потреба од поинтензивен болнички третман, за што е потребен дополнителен кислород преку респиратор.