Властите во централната кинеска провинција Хубеи во централниот дел од државата, денеска објавија дека ги прошируваат мерките за спречување на ширењето на новиот вирус.
На 13-те градови веќе ставени во карантин во покраината, додадени се уште пет. Според проценките на западни медиуми, тоа значи дека 56 милиони луѓе веќе се изолирани од светот.
Мерките вклучуваат прекин на транспортните врски до и од тие градови.
Кинеските власти објавија дека воведуваат национални мерки за откривање на новиот вирус во возови, автобуси и авиони за да се спречи ширењето.
Ќе има прегледи на лице место и сите патници со симптоми на пневмонија веднаш ќе бидат префрлени во медицински центри, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија.