Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, го впиша вториот пораз во прет-квалификациите за Светското првенство 2027.

Во натпревар второто коло на „Б“ групата, Македонија попладнево во Шолнок загуби убедливо од Унгарија со 58-96.

Само една добра и тоа прва четвртина одиграа македонските кошаркари. Во првиот квартал си играше рамноправно иако домашниот состав постојано беше во водство. Сепак, на крајот на десетте минути Унгарците имаа само еден поен 19-18. Очајна слабата игра во одбраната во вториот квартал и донесен унгарската селекција огромна предност. Го добија домаќините тој период со 34:19, па заминаа на одмор со плус 16 (53-37).

Уште тогаш беше јасно дека Унгарците ќе се израдуваат на првата победа, а во второто полувреме само рутински ја одржуваа разликата.

За македонската селекција веќе во среда следува нов натпревар и тоа на гостински терен во Ородеја против Романија која веќе оствари две победи.