По одигрувањето на натпреварите од националниот куп изминатиот викенд, за денес се закажани првите средби од четвртфиналето во плејофот од македонското кошаркарско првенство.
Двојките за четвртфиналните пресметки се:
Пелистер – Навико Академија ФМП (Битола, почеток 18:30 часот)
Работнички – ТФТ (Скопје, сала „Кале“ 17 часот)
Еуро Никел – Гостивар (Гевгелија, 17 часот)
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово (Скопје, сала „Јане Сандански“ 20 часот).
Полуфиналист ќе станат екипите кои први ќе дојдат до две победи.