Обвинителството за злосторства на ОВК во Хаг во моментов спроведува операција во Приштина, во соработка со ЕУЛЕКС и косовската полиција, изјави утрово портпаролот на обвинителството, Кристофер Бенет.
– Операцијата на Специјалното обвинителство во Приштина е во тек. Операцијата на Специјалното обвинителство се спроведува со поддршка на косовската полиција и Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС). Детали ќе бидат објавени наскоро, се нагласува во соопштението на Бенет.
Кон крајот на февруари, Обвинителството објави дека поднело обвинение против неколку поранешни припадници на ОВК. Потоа, на крајот на април, главниот обвинител Џек Смит објави дека поднел обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весељи.
Судијата на претходна постапка во рок од шест месеци мораше целосно или делумно да ги потврди или отфрли тие обвиненија.