Косовската царина денеска презентираше три нови печати, кои ќе се користат во албанското пристаниште Драч, објави КТВ.

Печатите ќе се користат на „граничниот премин” за бродови, контејнери и фериботи.

Во текот на изминатиот викенд, во албанското пристаниште Драч беше отворена  испостава на косовската царина, а приштинските институции веруваат дека со тоа ќе ја олеснат трговијата и протокот на стоки и патници и ќе ги намалат трошоците за водење бизнис, како и тоа дека ќе помогнат во зајакнување на економијата на двете земји преку продлабочување на соработката.