Деловната империја поврзана со поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, добила најмалку 7,8 милиони долари странски исплати од 20 земји за време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа, покажа истрагата на Конгресот.
„Овие земји трошеа, честопати раскошно, на станови и хотелски престој во имот во сопственост на Доналд Трамп, лично збогатувајќи го претседателот додека тој носеше надворешно политички одлуки поврзани со нивните политички цели со далекусежни последици за Америка“, се вели во извештајот на истражителите на одборот во кој демократите имаат мнозинство.
Меѓу тие земји се Турција, Малезија, Кина, Саудиска Арабија, ДР Конго, Албанија, Косово, Либан.