КОСОВСКА ОПОЗИЦИЈА: Претседателке, што имаше во торбата што не сакаше да ја отвориш?

/ 02.08.2024

Госпоѓо Претседателке, што се случува? Што имаше во твојата торба?, прашуваат од Демократската партија на Косово.

Инцидентот на скопскиот аеродром каде директно е вклучена претседателката на Косово, Вјоса Османи, е само продолжение на влошувањето на институционалниот живот на Република Косово.

Османи, која еден ден порано се јави како пејачка, денес стана токму како каубој од Тексас.

Претседателката треба итно да им објасни на граѓаните на Република Косово за овој инцидент и да им каже што имало во торбата што според македонските медиуми одбила да ја отвори?


Од истата категорија