Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово.
– Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство ќе биде забележано и на 26 март, изјави Славјанка Петровска од Теарце.
За проблемите со набавка на пасошите, Петровска потенцира дека се уште се работи на отстранување на застојот во издавањето.
-Во координација сме со компанијата која врши испорака и очекуваме да бидеме известени за денот на испорака, рече дополнителната заменик министерка.
На новинарско прашање истакна дека иако се двајцата на подрачје на СВР Тетово, се координирани и известени меѓусебе со министерот Наќе Чулев.