Штипскиот бизнисмен Кирил Гогов од вчера не е веќе сопственик на синџирот маркети Кит-Го, откако официјално заврши преземањето од страна на косовската компанија Вива Фреш.
Тоа, како што објави економскиот портал Фактор, е објавено и во Централен регистар на Македонија.
Управувањето на местото на Гогов го превзема Кораб Хоџа од Приштина, а засега нема преименување на компанијата. Вива Фреш е косовска компанија која се занимава со малопродажба во Косово и регионот, а најголема инвестиција во Македонија му е преземањето токму на Кит-Го кое траеше повеќе од една година.
Кит-Го редовно е меѓу првите синџири маркети со најголеми приходи во Македонија и во изминатите години редовно бележи обрт од околу 60 милиони евра. Од она што е познато со Гoгов е дека својот интерес сега го насочува кон производството на електрична енергија од обновливи извори.
Неофицијално, Вива Фреш за сите маркети на Кит – го ќе искешира над 50 милиони евра. КИТ-ГО Штип во Македонија има 58 маркети од кои 5 се во Скопје.