Поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста го коментираше неговиот однос со Антонио Конте.
Напаѓачот го напушти „Стемфорд Бриџ“ во 2017 година по скандалот со италијанскиот ментор, иако имаше голема заслуга што тимот од Лондон стана шампион претходната сезона.
– Конте и јас имавме проблеми надвор од теренот, но мислам дека тој е навистина добар менаџер. Јас немам лоши чувства кон него. Но, за да биде врвен менаџер, тој треба да ја промени човечката страна во неговиот начин на работа. Тој е многу недоверлив. Во тим како Реал Мадрид, тој нема да издржи ни една сезона, вели Коста.
Триесет и едно-годишниот фудбалер зборува и за неговиот избор да игра за Шпанија. Во 2013 година тој објави дека ќе ги брани боите на репрезентацијата на „фуријата“, иако е роден во Бразил и има два натпревари за Јужноамериканците. Тој доби многу критики во неговата родна земја, но објасни дека бил занемарен од селекторот Луис Фелипе Сколари.
– По контролата против Русија, тој ми рече дека повторно ќе ме повика. Се сеќавам дека неколку напаѓачи беа повредени, но Сколари не ми се јави. Не реков ништо, но не влегов во составот за Купот на конфедерациите. Добив можност да играм за Шпанија и ја прифатив. Како можев да одбијам? Одеднаш почнаа дазборуваат дека Сколари ме сака. Тој ниту еднаш не ми се јави. Како може да ме сака? Потоа прочитав како сум го уништил сонот на милиони Бразилци, рече уште Коста.