Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од МВР у од Државниот инспекторат за труд за пожарот што ја зафати Универзална сала, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 11 април.
Таа апелираше да не се шират шпекулации за причините за пожарот и штетите и порача дека Универзална ќе се изгради.
„Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека по завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и таа ќе биде вратена на скопјани“, рече министерката.
Таа потсети дека предвидено е реновирањето на објектот да заврши на крајот на 2027 година, но се надева дека целиот процес ќе се заврза.
Пожарот во Универзална сала избувна на 9 април. Гореше една од куполите на објектот, по што пожарникарите ја изгаснаа.