„Ние понудивме практично локација и дека ќе започнеме да подготвуваме документи за еден ваков споменик за загинатите од Љуботенски Бачила 8-те загинати од 10ти август 2001 година конечно да добијат едно доследно спомен обележје на територија на Општина Бутел, бидејќи досега има едно но тоа е некако многу скромно во населеното место Љубанци, но секако дека треба да биде на видно место во општината“, изјави градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека тоа било многу просто. Министерката можела да дојде и заеднички да направат нешто добро за паднатите бранители од 2001-ва година кои досега за жал оваа држава им се нема оддолжено на ниту еден начин како што треба.
„Добивме одговор многу брзо уште дента кога изнесовме став дека се подготвени тие како министерство да ни помогнат и веднаш ги известивме веројатно не очекуваа дека па и ние сме подготвени дека уште другиот ден ќе започнеме со дозвола за изградба на споменик на територијата на Општина Бутел“, кажа Костовски.
Тој истакна дека ќе даде уште една шанса да верува дека таа не ја поддржува неговата инцијатива само паушално туку ја поддржа искрено па се надева дека не било тоа причината за да не дојде на лице место да видат каде би било најдобро да се постави еден таков споменик.
„Доколку тие не се спремни да го изградат тој споменик, а секако треба да го изгради државата бидејќи овие луѓе го дадоа животот токму на државата и така личи а ние како општина да ги направиле условите за сето тоа, тогаш за кусо време идна Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради ваков споменик во Бутел треба да има“, посочи Костовски.