ДУИ може да предава како се создава шовинистичка политика, најмалку да обвинува други за истата, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Прво: Не станува збор за моја иницијатива, туку за иницијатива на девеесетина потпишани граѓани меѓу кои Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми. Иницијативата ја препратив до надлежната институција Град Скопје, во случајов и лично ја поддржувам бидејќи станува збор за рационално барање.

Второ: Од вкупно 38 улици, 18 се со албански имиња, што значи тезата дека станува збор само за албански улици се поништува.

Трето: Покрај тоа што советниците на ДУИ и Алтернатива ја имаа на увид граѓанската иницијатива, сепак тие одлучија грубо да ги лажат сограѓаните Албанци дека станува збор за менување на улици само со албански имиња.

Општина Бутел е мултиетничка општина, со вакви несериозни и лажни обиди за добивање политички поени нема да постигне ништо ниту ДУИ, ниту било која друга партија, изјави Костовски.