За поликлиника во општина Бутел, актуелниот градоначалник, Велимир Смилевски на граѓаните им нудеше монтажна болница, налик на трафика исти како оние кои во целост изгореа за неколку минути во Тетово, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Она што е исклучитело важно, за општина Бутел е еден проектот кој што е носечки и исклучително важен и кој што актуелниот градоначалник не го реализираше, а тоа е поликлиника во Бутел. Тој им понуди на граѓаните монтажни објекти, контењети, налик на трафики, истите оние објекти каде што имаше голем пожар и несреѓа во Тетово и токму заради тоа ја одбегнува таа тема. Но јас морам да кажам дека тоа е една од клучните работи кои што бителчани ја бараат, бидејќи во 21 век немаат каде да се лекуваат“, истакна Костовски.
Тој во дебатното соочивање со другите кандидати во телевизија Клан Македонија истакна дека, за решавање на овој проблем кој е суштински за бутелчани, затоа што во 21 век немаат каде да се лекуваат, уште од првиот дена на преземањето на функцијата градоначалник, на министерството за здравство ќе му ја понуди општинската зграда.
Костовски порача дека нема како до сега да важи фразата, народот да се снаоѓа, туку народот со него ќе има каде да се лекува, а за општинската администрација ќе се најде соодветно место.
„Јас ќе ја изградам веднаш, бидејќи, јас јавно кажав дека општинската зграда уште од првиот ден ќе ја отстапам и ќе ја понудам на министерството за здравство, тоа да биде поликлиника на граѓаните на општина Бутел, додека општинската администрација ќе се снајде соодветно. И додека до сега беше логиката нека се снајде народот, сега ќе се снајде општинската администрација, затоа што сметам дека најважно од се е да има простор каде тие да се лекуваат“, рече Костовски.
Освен решавање на овој главен проблем, тој најави и изградба на нова полициска станица и дислокација на постоечката, но и изградба на противпожарен пункт и два нови паркови, наместо бетонизација која што градоначалникот ја демострираше.
„Предвидувам веднаш да се изгради полициска станица и да се дислоцира ова акај што е постојната. Суштински важно и гарантираме дека ќе изградиме против пожарен пункт. И она што е многу битно, е што за разлика од господинот Смилевски, кој што веќе покажа на дело дека има намера да го бетонизира Бутел, со изградба на еден куп згради ние ќе понидиме два нови паркови“, истакна Костовски.