По повеќе децении празни ветувања едно од најголемите барања на жителите на населба Радишани е реалност, објави актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат.
Мега паркот се простира на површина од 10.000 m2.
Големиот плоштад и пешачките патеки се на површина од 4.000 м2.
Големо детско игралиште за најмалите со модерни реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот.
Целиот парк е осветлен со модерно лед осветлување.
Паркот има и голема површина на зеленило кое се протега на 6.000 м2 за сето ова убаво да изгледа. Поставен е и посебен систем за наводнување.



Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои граѓаните на општина Бутел ги заслужуваат!