Уште пред 80 г., поетот Кочо Рацин пишува за нешта што ни се случуваат токму во моментот! Прекрасен, умен и ненадминат – Македонец!, пишува нашата историчарка Наташа Котлар, цитирајќи го Рацин:
„…Ете и историјата сакаат да ни ја скријат, да ни ја земат, за да ни ја земат душата, за да докажат дека сме племе без историски континуитет. Народ кој нема свое вчера, кој нема свое денес, не може да има ни свое национално утре. Ете, нашето вчера треба да исчезне за да се стопи нашето денес и за да се избрише секоја мисла за нашето утре. А континуитетот постои – континуитет на маки и страдања, но и континуитет на отпори, борби и еден чудовишен континуитет на национална отпорност и на народна жилавост. [Кочо Солев Рацин. Избрани дела, Сеќавања на современиците, Избор, редакција и предговор Перо Коробар, Скопје, 1987, 150, 152.]