Цената на струјата од идната година на сите ние јасно дека ќе расте, но пак ќе ја субвенционираме и нема да дозволиме ценовен шок за граѓаните и малите потрошувачи- порача премиерот Ковачевски, откако на Советот за безбедност кој го свика претседателот Пендаровски, го презентираше планот за справување со најтешката зима. Со планот треба да се обезбедат дополнителни 300 милиони евра за да се активираат сите домашни капациети и да се произведе за 25 проценти повеќе струја.
Најави почеток на работа на третиот блок на РЕК Битола и вториот котел на ТЕЦ Неготино, на целиот потенцијал за гасната централа ТЕ-ТО, РЕК Осломеј како и користење на сите обновливи извори на енергија. Ковачевски кажа дека од утре почнуваат преговорите со Бугарија за да се обезбедат 200 мегават часови струја од Бугарија, чија цена за компаниите ќе биде пониска од берзанската. Кажа дека преговорите со Те-То се во тек, а најави и дека ЕСМ ќе го преземе парното за Скопјани. Ковачевски призна и дека има ризици за реаклизација на планот.
Ова е ужасно тешка ситуација, оваа есен, зима, и пролет е најтешка во повоената историја на земјава кажа Ковачевски. Апелираше до граѓаните и компаните да штедат струја, а копачите на криптовалути ги повика да ппрестанат да трошат многу струја- зошто состојбата е аларманта.