„Сметам дека однесувањето на дел од функционерите на ДУИ не беше соодветно воопшто, не можам да кажам за сите. Сметам дека тој настап на градскиот плоштад беше конкретно анахронен настап, кој што само покажа дека ДУИ се соочува со свој противник за прв пат по долго време, политички од албанскиот блок бидејќи ние да се разбереме тие досега немале политички противник во албанскиот политички блок.Тие се 22 години на власт со инсталирано систем дупло поголем од оној што го имаше Груевски, бидејќи Груевски беше 11 оние се 22 години во власт за да на крајот на денот завршат Таравари во претседателскиот прв круг со 85 илјади без никаква инфраструктура практично, визави 100 и колку илјади гласови за Османи, тоа само покажува дека после 22 години на ДУИ единствена реторика во политичка борба за европска иднина му останува да се приликува на анахрони повици од 2001 година, и тоа на кого му штети, тоа му штети на тој кој што сака да изгради мултиетничко општество во државата,“ посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на поткастот на Политиканти на Слободен печат.
Тој за министерот Фатмир Бесими,посочи дека бил одличен министер, кој што се справувал одлично со сите преговори со меѓународни финансии, институции и еден од подобрите студенти во УКИМ. Потоа Азир Алиу кој што беше министер предложен од АА, сега со Таравари, интелектуалец, капацитетен, посветен, фокусиран, министерот за економија Бектеши, како и вицепремиерот Фатмир Битиќи. Но, посочи Ковачевски дека имало и министри кои што од кауза правеле професии и се однесувале несоодветно на политичкиот амбиент во Македонија.