„Нема прашање што не сум го одговорил и нема покана од медиум на која не сум отишол. Јас веројатно сум единствениот премиер, да биде поканет на интервју телевизија со национална концесија и на сред возење натаму да ми откажат“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.
Тој додаде дека интервјуто било откажано бидејќи тој медиум сакал одредено законско решение, што ним им одговара.
„Јас кажав дека било кое решение може да се носи низ владина и собраниска процедура, а не додека јас патувам од мојата канцеларија до таа ТВ на интервју“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека од тогаш тој во таа телевизија не отишил, ниту тие го поканиле, веројатно засрамени од тој чин.