Мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски ги соопшти имињата на новите министри кои ќе дојдат од неговата партија. Рече дека утре ќе ги достави до Собранието.
Вицепремиер за борба против корупција – Славица Грковска
Вицепремиер за економски прашање – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за европски прашања – Бојан Маричиќ
Министерка за одбрана – Славјанка Петровска
Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министер за правда – Никола Тупанчевски
Министер за земјоделство – Љупчо Николовски
Министерка за труд и социјална политика – Јована Тренчевска
Министерка за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска
Претходно, Ковачевски ги соопшти приоритетите на новата Влада:
-економски раст од 4,6 до 5,9 годишно
-драстично зголемување на инвестициите
-постигнување едноцифрена невработеност
-зголемување на просечната плата над 500 евра
-зголемување на минимална плата
-нема зголемување на даноците
-решавање на корона пандемијата преку давање приоритет на вакцинацијата
-градежна експанзија
-унапредување на земјоделство
-борба со криминалот и корупцијата