Премиерот Ковачевски ја одби фрлената ракавица на Мицковски за лидерска средба во врска со уставните измени и предлогот на опозициската партија тие да се прават по хрватски терк. Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски и денеска му порача на Мицкоски да си делегираат претставник и партискиот став да го изнесат на работната група.
Лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски пак и вчера посочи дека во оваа фаза не гледаат потреба од тоа да имаат свој претставник во работната група и побараа лидерска и соочување со Ковачевски .