Во Домот на култура во Кавадарци денеска се одржа третата од серијалот тематски трибини на владеачката СДСМ насловени како „Разултати што прават разлика”. На оваа трибина тема на дискутантите беше „Континуирана грижа за вас”, во организација на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
По трибината градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и дел од учесниците замина на кафе со лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, кој беше еден од говорниците на тематскиот собир.
Свое обраќање имаа и министерката Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ, Весна Томовска, Државен инспектор за труд и Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика СДСМ.