Димитар Ковачевски и неговите четворица заменици за 1 месец ќе земат плата од над пола милион денари, или за 7 месеци заедно ќе земат над 3 ипол милион денари, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Покачувањето од 78 проценти, енормно ги зголеми платите на Димитар Ковачевски, Артан Груби, Славица Грковска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи за скоро 1000 евра, или за секој работен ден 50 евра.
И додека нивните плати растат, истите тие носат мерки за месечна помош за студентите од само 1000 денари.
За студентите месечно ќе дадат 1000 денари, или за 7 месеци тоа се 7000 денари.
Ова не е реална помош. Ова е само предизборен поткуп кој го прават со државни ресурси.
СДС сакаат со 1000 денари да го купат гласот на студентите.
Доколку СДС и Ковачевски сакаа да им помогнат на студентите тогаш прво ќе обезбедеше квалитетно образование, а потоа ќе го изградеше и ветениот студентски град во Скопје, ветениот студентски дом во Штип уште во 2016та година.
Ковачевски мисли дека со овие 1000 денари ќе го купи достоинството на младите.
За премиерот Ковачевски и вицепремиерите во владата на СДС и ДУИ има европски плати, а за студентите трошки.
Овие мерки немаат никаков позитивен ефект врз животниот стандард на студентите.
Груби кој месечно добива плата од 2000 евра и понатаму се жали дека неговата плата била најниска.
Маричиќ кој на државна сметка се гоштева со бифтек, месечно зема плата од над 2000 евра.
Грковска и покрај тоа што е задолжена за добро владеење, никој не знае која е нејзината функцијата во владата, бидејќи корупцијата и криминалот се во пораст изминатите 7 години додека СДС е на власт, а зема плата од над 2100 евра.
Вицепремиерот за економски прашања Битиќи кој велеше дека само што не донеле закон за намалување на функционерските плати, и понатаму месечно зема плата од над 2000 евра.
СДС и Ковачевски сакаат да ги купат студентите со по 1000 денари, додека тие ги уживаат сите привилегии и бенефиции од владеењето.
Време е СДС и Ковачевски да си заминат.
Студентите не се на распродажба и никој нема и не смее да ги потценува.
Студентите мора да добијат соодветни услови за студирање и за убав студентски живот.
Оваа влада на СДС и Ковачевски на следните избори ќе биде поразена од студентите, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.