Премиерот Димитар Ковачевски ги осуди терористичките напади на Хамас врз Израел.

-Силно ги осудувам терористичките напади на Хамас врз Израел. Изразувам сочуство за жртвите и поддршка за Израел во својата одбрана. Насилството и нападот над недолжно население не смеат да се толерираат [🇲🇰] [🇮🇱], напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Претходно со осуда на нападот се огласи и министерот Османи.