Кога ќе се разгледаат измените на Уставот од страна на Владата, тие ќе бидат јавно објавени, а потоа сите граѓани ќе можат да се уверат дека се работи за технички измени кои не менуваат нешто што веќе е факт на Уставот. Според најголемите експерти во државата, во уставот дополнително ќе се вметнат и делови од други народи кои живеат во државата“, рече Ковачевски денеска во Свети Николе, не одговарајќи конкретно на прашањето дали имал средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали има поддршка за гласањето, за кое е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.
На прашањето дали ќе има предвремени избори доколку не се изгласаат овие измени, тој појасни дека „процесот на уставни измени не е поврзан со мандатот на владата, туку со евроинтеграциите на државата“, чија поддршка е „должност на секоја политичка партија“.
„Нема да имаме избори во земјата наесен. Догодина ќе има избори, претседателски, па парламентарни“, кажа Ковачевски од Свети Николе, каде учествуваше на свеченоста на доделување социјални станови на 27 семејства од градот.