„Истите тие политички партии, кои што денес зборуваат против одредени политички партии кои што се етнички предзнак, а немакедонски предзнак истите тие партии 11 години беа во власт со тие партии. Истите тие партии кои што сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ за која што денес зборуваат“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на обраќање на народен собир во Прилеп, с.Селце.
Според Ковачевски, Битиќи добро постапил и изрази поддршка за тоа што го направил. Тој потсети дека Битиќи е Албанец, но тој истовреме е ВП во Владата кој е предложен од СДСМ.
„ Тој е мој ВП, меѓутоа Битиќи не е ВП затоа што е Албанец, туку ВП затоа што ако го погледнете неговото СВ, ќе го видите едно од подобрите СВ во областа на економијата во мојата генерација и неколку генерации кои се практично околу генерацијата моја и на Битиќи. Тоа е човек кој работел на меѓународни проекти, за различни финансиски институции, кој поминал врвни обуки во САД по нивни избор и сметам дека поставување на прашање дека било кој припадник на било која етничка заедница, дали може да обавува некоја функција, е некоректно“, заклучи Ковачевски.