Премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју за МИА говори и за еконсомските резултати што се постигнати откако тој е на чело на Владата:
– Говориме за општиот колективен договор со што обезбедивме системско решение за континуираниот раст на платите. Реалната куповна моќ ја зголемивме над 30 проценти. Разговараме за капиталните инвестиции, растот на платите и пензиите, инвестиции од над една милијарда евра во инфраструктура, рече Ковачевски.
Тој во неговата најава на интервјуто додава „Владата, опозицијата, пратениците, сите општествени чинители во државата, на граѓаните им должиме европска иднина“.