Премиерот Димитар Ковачевски лани во изјава пред медиумите говореше како хрватскиот Устав е прифатлив модел, додека денес молчи.
„Ние веќе имаме повеќе делови од народи кои што се дел од Уставот, покрај македонскиот народ. Псотојат држави кои што имаат дури 25 народи во нивните Устави како што е Хрватска, а тоа само ја збогатува општествената кохезија во државата, особено во едно општество како што е нашето мултиетничко“, изјави Ковачевски лани.
Додека во овој момент молчи и не сака да одговори дали ќе го прифати овој модел на хрватскиот Устав во нашата земја.
Во меѓувреме тезите на СДС и ДУИ, дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение.
Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе.
Еве како би изгледал македонскиот устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид:
„Република Македонија се установува (воспоставува) како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН“
ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.
Актуелната преамбула која би се менувала гласи:
“Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи…”
СДС и ДУИ не би требало да имаат против устав на земја членка на ЕУ.