Малите промени во нашите секојдневни навики, на долг рок прават значителна разлика во заштедите на сметките за струја, советува премиерот Димитар Ковачевски и препорачува дома да загреваме до 22 степени Целзиусови со инвертер клима.
– Да се однесуваме одговорно и рационално во овие тешки времиња на економска и енергетска криза. Малите промени во нашите секојдневни навики, на долг рок прават значителна разлика во заштедите на сметките за струја. Скоро половина од потрошувачката за електрична енергија во домот се троши за греење или ладење. Сериозно штедиме струја со греење на разумна температура до 22 степени целзиусови. Со греење на инвертер клима уред, наместо на греалка или панел може да се заштеди и до 75% електрична енергија. Со штедењето енергија ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина. Штедиме заедно денес, за да имаме утре!- порашува Ковачевски во објавата на Фејсбук.
Ефектот од заштеди, но не само од струја, ќе биде уште поголем во државава ако премиерот дели вакви совети, но не само на граѓаните. Туку да почне да им дели совети за „мали промени на навиките“ на владините функционери, пратениците и бројните државни службеници, кои не умеат да штедат не само струја, туку и за енормни плати, хонорари, надоместоци за превоз, користење службени ресурси итн.