Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, попладнево оствари телефонски разговор со премиерот на Хеленската Република Кирјакос Мицотакис, кој му честита на изборот за премиер, и му посака плодна и успешна работа, информираат од Влада.
-Двајцата премиери се согласија дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството. Претседателот на Владата Ковачевски му се заблагодари на премиерот Мицотакис за поддршката што тој во континуитет ја дава за отворање на преговорите на … Македонија со ЕУ и го запозна со некои од резултатите од посетата на премиерот на Бугарија Петков на Скопје и од возвратната посета и заедничката седница на владите во Софија, се вели во владиното соопштение.
„Низ взаемно почитување и дијалог базиран на европски вредности, верувам дека можеме да најдеме решение во интерес на двете земји и народи“, истакнал премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со неговиот грчки колега Мицотакис.