Со задоволство ја прифатив поканата и присуствував на денешниот Конгрес на Алтернатива, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Владината коалиција со целиот свој капацитет работи во интерес на граѓаните и успешно менаџира со предизвиците предизвикани од најголемата светка и економска криза по Втората светка војна. Заеднички спроведуваме мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, на компаниите, целосно усогласени со политиките и евро-атланскиот правец по којшто се движи земјава. Политичката партија Алтернатива е нашиот нов партнер во Владата, со вградени програмски определби. Со задоволство ја прифатив поканата и присуствував на денешниот Конгрес на Алтернатива. Благодарен сум на нивниот придонес како и на сите партии од парламентарното мнозинство. Одговорно и посветено продолжуваме да работиме за граѓаните и напредокот на државата, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Тој објавува и повеќе фотографии од конкресот, од кои може да се види дека со него присуствувале и други високи партиски функционери на СДСМ, како и од другите коалициски партии.