Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија се осврна на кризните мерки и изминатите четири месеци, кои според него се успешни.
„Она што го направи оваа влада во изминатите четири месеци е повеќе од тоа што некои влади го направиле за 4 години. ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи. Во моментов работиме на редизајнирање на мерките и да бидат насочени кон најпогодените граѓани од кризата. Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината“, рече Ковачевски.