Од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски посочуваат дека не се согласуваат со преименување на улицата која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада.
Тие велат дека иако локалната самоуправа во Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, требало изминатиот период поревносно да си ја вршат својата работа и досега да изградат нова улица која ќе ја именуваат согласно законските процедури.