Ги замолуваме македонските новинари, да не шират непроверена вест.
Ковачевски оствари средба со задграничниот комитет на СДС а не организирано со македонското иселеништво, организации, асоцијации итн…
Ковачевски не го признаваме за легитимен премиер, ниту па остваруваме средби со оваа и претходната влада на Заев, кои ги сметаме за велепредавнички поради насилното и бесправното одземање на основните елементарни универзални човекови права како на Македонците дома, така и во светот.
И поради тоа потпишавме и испративме декларации НЕ ВО МОЕ ИМЕ до претходната влада, во која се изјаснивме за неподдржување и непризнавање на владите, кои го потпишаа и спроведуваа нелегитимниот Преспански договор, со кој Македонија го изгуби името, а Македонците идентитетот, газеќи го нашето право на самоопределба, загарантирано со сите меѓународни правни акти и меѓународното право. И на референдумот со бојкот се изјаснивме, чиј резултат не ни е признат, но е уредно забележан и во службениот лист.
Сите човекови права, своето постоење, му го должат на најважното човеково право, правото на самоопределување од член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН, па тогаш е јасно дека изнасилените Рамковен, Тиранската платформа, Преспанскиот и бугарскиот договор се пат за одземање правото на самоопределување на Македонскиот народ со цел да се спроведе политичка асимилација, да се претопиме во друг народ.
Со Преспанскиот договор не избришаа како Македонци, со бугарскиот сакаат да не воскреснат како Бугари. Македонците во Словенија сметаме дека незаконски, нелегитимно и спротивно на сите меѓународни договори за човекови права, чиј потписник е и Република Македонија, ни е укинато правото на самоопределување и затоа ниту еден премиер и ниту една влада, сегашна и идна, дури не ни го вратат незаконски, нелегитимно и силум одземеното право, НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ И НЕ ЈА ПОДДРЖУВАМЕ.
– Организација Жени, мајки, родољупки на Македонија ,,Ангелина Маркус” претставништво во Словенија
– Иницијативни одбор на здружението словенечко-македонско пријателство
– Координативно тело на Македонците во Европа, претставништво Словенија
– Координативно тело на Македонците во светот – претставништво во Словенија
– Иницијативниот одбор МНД Македон Словенија