Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола, порача премиерот Димитар Ковачевски вечерва преку својот профил на Фејсбук.

– Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера. Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома, објави Ковачевски.

Тој денеска огладнел по напорниот ден во Битола каде што беше на партиска задача во рамките на работната акција на СДСМ насловена „Силно и одлучно кон иднината“.

Пред неколку дена, Ковачевски исто така се пофали дека во Гостивар за ручек јадел едни од највкусните ќебапчиња.