Граѓаните во 1991 година се орпеделија за демократска држава која ќе стане членка на ЕУ. Во минатиот период, оваа влада реши две крупни прашања, кои значат дооформување на стратешките цели. Првото беше признавањето на автоќефалноста на МПЦ и примање во канонско единство со другите православни цркви, а второто е почнувањето на преговорите со Европската Унија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.
Тој додаде дека не е потребен референдум за преговорите со ЕУ, бидејќи Собранието со огромно мнозинство и со гласови на пратеници од мнозинството и опозицијата донесоа заклучоци со кои се прифати предлогот на Европскиот совет за почнување на преговори на … Македонија со ЕУ.
„Во заклучоците, но и во самиот предлог, во преговарачката рамка и во сите документи стои дека се заштитени македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебноста на македонскито народ. Сите билатерални прашања со соседите, се одвиваат на билатерално ниво и не се дел од преговарачкиот процес“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека ова го потврдиле и претседателката и потпретседателот на Европската комисија, со јасни ставови дека македонскиот јазик е чист и дека ќе биде дел од официјалните јазици на ЕУ.