СДСМ и Димитар Ковачевски вечерва беа на митинг во Гостивар.

Ковачевски во својот говор зборуваше дека во средата на првиот круг од претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака.

-Таа порака ја слушнавме, ја прифаќаме одговорноста и свесен сум и јас, но треба да биде свесен секој член на СДСМ, секој функционер кој ја претставувал партијата во изминатите седум години дека е ова оценка за сите. Ова е оценка за однесувањето на сите, ова е оценка за тоа како работеле и ова е оценка за тоа како се однесувале и кон своите соседи и кон своите пријатели и кон пошироката јавност… Нас ни е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќање на сопствените грешки, истакна Ковачевски.