Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва изјави дека, по лидерската средба одржуваат состаноци на ИО и на ЦО на кои ќе дискутираат за идните чекори откако, според него, ВМРО-ДПМНЕ веќе не се противи на носење на уставните измени.
Продолжуваме со дијалогот со цел обединување на сите во широк општествен процес за остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година, порача Ковачевски пред почетокот на ИО на СДСМ.