Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја повика Бугарија како членка на ЕУ да ги спроведе пресудите од Стразбур за регистрација на партиите и организациите на Македонците во Бугарија.

-Македонци има во скоро сите држави во светот. Како што има Македонци во САД, Германија, така има Македонци и во Бугарија, Грција… Луѓе кои се самоопределуваат како Македонци и ним им следуваат сите права да ги изразат своите желби за самопоределување. Постојат и пресуди на Судот за човекови права кои Бугарија не ги спроведува. Ги повикувам бугарските власти согласно нормите да постапат, бидејќи се членка на ЕУ, да бидат почитувани сите права на секој поединец кој се самоопределува различно, рече Ковачевски.